Возачот на Мерцедес, Кими Антонели вчера беше ослободен од медиумските обврски откако се пожали на здравствени проблеми пред Големата награда на Мексико Сити настан на кој тој би можел да стане најмладиот шампион во Формула 1.
Од тимот соопштија дека 20-годишниот Италијанец закрепнува од вирусна инфекција и не се чувствува добро.
„Како мерка на претпазливост, ФИА го ослободи од задолжителните медиумски обврски за да му овозможи да одмори пред почетокот на викендот. Очекуваме тој да се врати утре“, изјави портпаролот на Мерцедес.
Антонели ќе ја обезбеди шампионската титула во недела доколку освои едно од првите девет места на патеката „Аутодромо Ерманос Родригез“ дури и ако неговиот најблизок ривал и тимски колега, Џорџ Расел, победи на трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
