Релито Дакар во 2027 година ќе се одржи во Португалија и Мароко, што претставува голема пресвртница во историјата на ова славно натпреварување.
Поради вонредните околности во Саудиска Арабија, организаторите одлучија 49. издание да го преместат на два континенти, додека во 2028 година трката ќе се врати во Саудиска Арабија, кога ќе се одбележи јубилејното, 50. издание.
Трката ќе се одржи од 9 до 23 јануари и ќе опфати пролог и 12 етапи. Стартот е планиран во португалскиот регион Алгарве, помеѓу градовите Луле и Фаро, додека целта ќе биде во Маракеш.
Португалија ќе биде домаќин на прологот и првата етапа, додека во Мароко ќе се одржат дури 11 етапи, како и еден ден за одмор во Агадир. Вкупната должина ќе изнесува 7.824 километри, од кои 4.341 километар ќе се возат во рамките на специјалите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
