Во Барселона се многу незадоволни од одлуката на бразилскиот селектор, Карло Анчелоти, да го повика Рафиња за претстојните репрезентативни обврски во ноември, иако фудбалерот на каталонскиот клуб се уште не е целосно заздравен од повредата.
На „Камп Ноу“ сметаат дека ваквиот потег претставува непотребен ризик за еден од најважните играчи на тимот на Ханси Флик, особено со оглед на проблемите што Бразилецот веќе ги имаше во текот на оваа сезона.
Рафиња ја започна сезоната во фантастична форма. Капитенот на Барселона беше речиси незапирлив пред противничкиот гол, а особено се истакна со постигнување хет-трик на два натпревари по ред.
Сепак, неговата одлична серија прекина за време на репрезентативната пауза. Анчелоти имаше голема доверба во него и му даде значителна минутажа на натпреварите на Бразил против Австралија, но таквото оптоварување доведе до сериозни последици, а сега е возможно тоа да се случи повторно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
