Првата тенисерка на ВТА ранг-листата се повлече од турнирот во Токио

Казахстанската тенисерка, Елена Рибакина, се повлече од четвртфиналето на турнирот во Токио.

Првата тенисерка на ВТА ранг-листата, поради повреда на вратот го предаде мечот од четвртфиналето и нејзината противничка, Лејла Фернандез, без борба обезбеди пласман во полуфиналето.

„ За жал, сè уште чувствувам болки во вратот поради што не сум во можност да играм на највисоко ниво“, изјави Рибакина која е родена во Русија, но игра под казахстанско знаме.

Рибакина со победата во второто коло на турнирот во Токио, над Јулија Путинцева, го обезбеди првото место на ВТА ранг-листата на крајот од годината.

Се вчитува...