ОФИЦИЈАЛНО: Адем Мекиќ се врати во МЗТ

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска тој официјално стави потпис на договор кој ќе го задржи во нашиот клуб во следните една и пол сезона.

Ова ќе биде негов трет мандат во сино-белиот табор (по периодите 2014-2017 и 2020-2023). Со скопскиот тим тој веќе има освоено пет шампионски титули и пехари во Купот на Македонија.

„По освојувањето на двојната круна во Хрватска со Задар и со огромно меѓународно искуство зад себе, Адем се враќа во Аеродром за да донесе цврстина, енергија и победнички менталитет во битките кои ни претстојат на домашната и регионалната сцена. Добредојде назад во Аеродром, Адем!“, стои во соопштението на МЗТ Скопје. 

Се вчитува...