Васко Атанасов повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија денеска од таборот на актуелниот македонски кошаркарски шампион.
Атанасов го презеде кормилото на сино-белите во 2023 година и веднаш се запиша во историјата на домашната кошарка како најмладиот стратег кој успеал да стигне до шампионски трофеј. Од клубот изразија огромна благодарност за неговиот придонес и неверојатните успеси кои ги постигна со тимот од Аеродром, со желби за среќа во понатамошната кариера.
„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, стои во соопштението на клубот.
Името на новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје ќе биде објавено дополнително, а дотогаш тимот ќе го водат неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
