Извршниот комитет на Конфедерацијата на африкански фудбал (КАФ) едногласно одлучи Африканскиот куп на нации (АФКОН) повторно да се одржува на секои две години.
Претседателот на КАФ, Патрис Мотсепе, претходно овој месец најави дека организацијата „ќе ја преиспита одлуката донесена минатата година за префрлање на АФКОН на четиригодишен циклус“, се наведува во соопштението.
„Бевме загрижени за тоа колку години ќе бидат потребни за предложеното ново пан-африканско натпреварување – ’Лига на нации‘, замислено како пандан на постоечкиот AFCON и предвидено да се одржува на секои две години – да почне да генерира значителни финансиски придонеси и придобивки неопходни за развојот на африканскиот фудбал, со цел натпреварувањата под покровителство на CAF да станат глобално конкурентни и финансиски самоодржливи“, објасни Мотсепе.
Следниот АФКОН, според тоа, е закажан за 2027 година, а домаќини ќе бидат Кенија, Танзанија и Уганда следните изданија се планирани за 2028, 2031 и 2033 година. Паузата од три години помеѓу 2028 и 2031 година е воведена за да се избегне одржување на AFCON во истата година кога се одржува Светското првенство (2030), истакна Мотсепе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
