Чупиќ: Се надевам дека најголемото дерби на Балканот ќе заврши со наша победа

Актуелниот ракометен шампион Вардар в недела на домашен терен ќе го пречека Е. Пелистер во првото „Ел класико“ сезонава како дел од 9. коло од Суперлигата на Македонија.

Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ на денешната прес-конференција го најави натпреварот меѓу големите ривали…

„Најголемо дерби во Македонија и на Балкан. Се надевам дека пред полна сала ќе продолжиме со победи во Лигата. Знаеме дека ова е маратон и дека има уште многу до крај. Ќе има многу тензии и емоции од сите страни. Се надеваме на победа и првата четвртина да ја завршиме победнички. Вардар секогаш кога игра дома е фаворит и така мора да е и Сега. Во наша сала никој не може да е фаворит. Сите знаат колку го почитувам Лино, но немам некое посебно чувство бидејќи не се важни ниту Лино, ниту Иван туку само Вардар да победи во недела“, изјави Чупиќ. 

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во недела од 17.45 часот.

Се вчитува...