Крај на „големата љубов“: Норвешката ѕвезда го напушта Арсенал!?

Норвешкиот репрезентативец Мартин Одегард би можел да ги напушти редовите на актуелниот англиски шампион Арсенал пред да му истече договорот во јуни 2028 година.

Одличниот играч за врска, кого Реал Мадрид го донесе во своите редови во 2015 година, кога имаше само 16 години, од норвешки Штромгодсет, ја покажа својата вистинска класа откако пристигна во Арсенал и стана еден од најважните фудбалери на „топчиите“.

Сепак, секоја љубов завршува, па се чини дека крајот на онаа меѓу Одегард и Арсенал е на повидок. Имено, нивниот тековен договор важи до јуни 2028 година, но новиот сè уште не е потпишан, а се поизвесно е дека тоа нема да се случи.

Секако, многу европски клубови ја следат ситуацијата поврзана со Одегард и Арсенал и веќе се подготвуваат да тргнат во офанзива.

Еден од нив, според странските медиуми, е Баерн, кој би сакал да го види одличниот играч за врска во своите редови.

Германскиот гигант е подготвен да започне преговори и со играчот и со клубот, а наводно и актуелниот англиски шампион би бил подготвен да го разгледа неговиот трансфер доколку не ја продолжат соработката со Норвежанецот до летото.

Европските медиуми објавуваат дека Баерн не е единствениот што се распрашува за норвешкиот репрезентативец, но со оглед на тоа што тој долго време се поврзува со германскиот гигант, тие тврдат дека заминувањето во Минхен е една од можните опции за продолжување на кариерата.

Одегард одигра осум натпревари за Арсенал оваа сезона во Премиерлигата и постигна два гола. Кога на тоа ќе ги додадеме настапите во други натпреварувања, доаѓаме до вкупно 14 одиграни натпревари, со четири гола и една асистенција.

Досега има и вкупно 77 натпревари за норвешката репрезентација и постигнати пет гола.

Се вчитува...