Од понеделник во продажба билетите за мечот Македонија – Словенија!

Фудбалската федерација на Македонија и официјално информираше дека продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија во Лигата на нациите кој се игра на 16 ноември на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе стартува во понеделник (2 ноември).

„Ги информираме навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе започне на 2 ноември (понеделник)“ – информираа од ФФМ.

За овој натпревар од 5. коло во Лига на Нации / група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари.

Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk

Се вчитува...