Фудбалските клубови Интер и Милан го претставија изгледот на новиот заеднички стадион, кој ќе го замени познатиот „Сан Сиро“, односно „Џузепе Меаца“, и ќе стане нивен дом од сезоната 2031/2032.
Новиот стадион ќе го носи името „Стадион Џенерали“, по компанијата што ги обезбеди правата за спонзорство, а проектот ќе чини дури 1,2 милијарди евра.
Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 седишта, што е малку помалку од сегашниот, кој може да прими околу 75.000 гледачи.
Сепак, архитектонското решение е дизајнирано да им обезбеди на навивачите уште поинтензивно искуство со натпреварот и атмосферата по која е познат фудбалот во Милано. Проектот го презентираа познатиот архитект Норман Фостер и експертот за стадиони Дејвид Маника.
Идејата е трибините да бидат што е можно поблиску до теренот, а наклонот од 37 степени зад головите е особено значаен, што дополнително ќе го зголеми чувството на блискост со играчите.
„Најважното нешто што го сфативме за време на процесот на дизајнирање е дека Сан Сиро е чувство. Тоа е многу повеќе од стадион. Сè што направивме имаше за цел да го пренесеме тоа чувство на новиот стадион“, рече Маника.
Посебно внимание беше посветено на акустиката.
Кровот ќе ги покрие трибините, додека теренот ќе остане отворен, а структурата ќе биде дизајнирана да го засили звукот на навивачите и да создаде атмосфера што потсетува на онаа по која „Сан Сиро“ беше познат со децении.
„Сакам навивачите да дојдат на новиот стадион и повторно да го почувствуваат истото возбудување, да почувствуваат дека стадионот живее и дише со нив, исто како што е денес“, додаде Маника.
Новиот дом на ривалите на Милан нема да биде исклучиво за фудбал.
Стадионот ќе може да биде домаќин на натпревари од американски фудбал, рагби натпревари и големи музички концерти.
Интер и Милан издвоија 197 милиони евра за купување на постоечкиот стадион и околното земјиште.
🚨🔥🏟️ LEAKED: FIRST LOOK at the NEW SAN SIRO aka GENERALI STADIUM.
The new 71,500-seat stadium will feature a BOWL-SHAPED, oval design with TWO TIERS, bringing supporters closer to the pitch.
The stands behind the goals will have a steep 37° incline, inspired by Dortmund’s famous YELLOW WALL.
— Milan Wire (@MilanWireX) October 29, 2026
Планирано е изградбата на новиот објект да започне во 2028 година, а вкупната инвестиција ќе изнесува 1,2 милијарди евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
