Актуелниот ракометен шампион Вардар в недела на домашен терен ќе го пречека Е. Пелистер во првото „Ел класико“ сезонава како дел од 9. коло од Суперлигата на Македонија.
Капитенот Васил Гогов на денешната прес-конференција го најави натпреварот меѓу големите ривали…
„Мотивацијата е тука. Знаеме што значат овие натпревари. Не очекува најголемото балканско дерби. Ќе биде тежок натпревар, не само за да го одбраниме првото место, туку и за енергија, мотивација и задржување на добрата атмосфера, како и одбраната. Минавме тежок месец зад нас со многу натпревари и тренинзи. Заморот е присутен, ама сето тоа се остава зад нас на вакви средби. Ќе дадеме максимум пред се надевам полна сала“, изјави Гогов.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во недела од 17.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
