Јунајтед ќе пазари од Лидс, не е ни чудо што тоне…

Манчестер јунајтед пред нешто повеќе од една деценија го собираше најдоброто не само во англискиот, туку и во европскиот фудбал. Заминувањето на Сер Алекс Фергусон е моментот кога колата тргна низбрдо, се сменија бројни тренери, но општ впечаток на јавноста е дека покрај стратезите, значајна вина има и управата при изборот на засилувањата.

Најнов доказ за тоа е последната информација дека Манчестер јунајтед ќе бара излез од голгетерската криза со понуда за Доминик Калверт Луин. Повредата на Шешко го остави Мајкл Карик без класична „деветка“ во тимот, па токму оваа позиција ќе биде приоритет за „црвените ѓаволи“ во јануарскиот преоден рок.

Изненадувачки, на врвот од листата со желби се најде токму Калверт Луин,, кој не е ниту англиски репрезентативец, а во тимот на Лидс јунајтед сезонава постигна пет погодоци на десет натпревари. Лидс ќе бара најмалку 40 милиони фунти за својот прв напаѓач и нема да биде изненадување ако „ѓаволите“ се согласат со оваа сума, повторно давајќи значителни пари за фудбалер кој не може да биде прва опција на својата позиција во тимот.

Очигледно, проблемите во гигантот од „Олд Трафорд“ се многу подлабоки од иднината на Мајкл Карик во клубот.

Се вчитува...