Откриено е што направил Мурињо по победата на Реал во „Ел класико“

Големата победа на Реал Мадрид од 1-2 во  „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ натпревар на кој Килијан Мбапе постигна гол во самиот финиш предизвика неописливо славје во соблекувалната на „кралскиот клуб“.

Но, додека играчите беа во целосна еуфорија, Жозе Мурињо повлече потег што многумина ги изненади.

Како што открива познатиот шпански новинар Хесус Гаљего во програмата на радио-станицата „Кадена СЕР“, португалскиот стручњак веднаш го прекинал славјето и ги смирил своите ѕвезди, со цел да им упати директна порака која ќе ги врати цврсто на земја.

Мурињо им се придружи на играчите што славеа и со повишен тон им стави до знаење дека триумфот на гостински терен против најголемиот ривал е значаен успех, но дека во Реал Мадрид тоа никогаш не смее да се смета за крај на сезоната.

„Ние сме Реал Мадрид; не играме фудбал само за да ја победиме Барселона на нејзин терен. Нашата единствена вистинска цел и обврска е освојување на шампионската титула“, изјави Мурињо.

Се вчитува...