Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус остро го критикуваше главниот играч на Реал Мадрид.
Светскиот шампион од 1990 година смета дека однесувањето на бразилскиот напаѓач внесува немир и директно му штети на тимот, па му порача на тренерот Жозе Мурињо да го пресели на клупата за резерви.
Гостувајќи во емисија на „Билд“ (Bild) во пресрет на германското дерби, Матеус се осврна на настапите на „кралскиот клуб“ во моментите кога Бразилецот не беше на теренот – како што беа победата против Барселона во „Ел Класико“ и триумфот над Рома во Лигата на шампионите.
„Ме интересира што ќе прави Реал со Винисиус. Без него, тимот функционира многу подобро, е подисциплиниран, а играчите играат еден за друг. Со него, сè се сведува на его и лош говор на телото. Тој е човек кој создава проблеми, непријатен лик е и едноставно не е добар за тимот. Проблемот на Реал Мадрид се вика Винисиус Жуниор“, изјави Матеус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
