Фудбалерите на Евертон се пласираа во четвртфиналето во Лига купот откако вечерва со 3:1 го совладаа Њукасл во премиерлигашката пресметка.
Евертон по првото полувреме имаше предност од 2:0 благодарение на головите на Џејмс Гарнер и на Хејден Хакни во 34-та и во 45-та минута.
Тиерно Бери во 3:0 ја завери победата на Евертон, а во финишот Њукасл само го ублажи поразот со голот на Ден Бурн.
Евертон во следната рунда ќе игра со четвртолигашот Флитвуд, кој приреди сензација со елиминацијата на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
