Нова „стотка“ на Црвена звезда, новиот центар делеше „банани“ како луд

Кошаркарите на Црвена звезда со две убедливи победи го завршија „двојното коло“ во Евролигата и во двата натпревари постигнаа троцифрен број на поени.

По триумфот од 100:78 над Макаби пред два дена, вечерва Црвена звезда во „Арена“ славеше со убедливи 103:73 над Баерн Минхен во дуелот од деветтото коло во Евролигата.

„Црвено-белите“ по девет кола имаат учинок од шест победи и три порази.

Фантастично деби во „црвено-белиот“ дрес и тоа во белградска „Арена“ имаше новиот центар, Кристијан Колоко, кој во првото полувреме имаше дури пет блокади.

Натпреварот го заврши со 12 поени. Чима Монеке со 15 поени беше најпрецизен кај „црвено-белите“, а еден поен помалку дадоа Картер и Нвора. Кај Баерн Минхен, Двејн Вашингтон даде 16 поени.

Се вчитува...