Бранителот на трофејот во Европскиот куп на ЕХФ, Охрид, и во третото коло, двата дуели ќе ги игра пред своите гледачи во салата „Билјанини извори“.
Противник на Охриѓани ќе им биде литванскиот тим Драгунас Клаипеда.
Натпреварите се закажани за 21 и за 22 ноември. Двата натпревари ќе започнат во 18 часот.
Охрид стартот на одбраната на трофејот го започна со две победи пред своите гледачи над турскиот тим Спор Тото и тоа со 36:24 и 38:22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
