Во последниот натпревар од деветтото коло во Серија А, македонскиот репрезентивец, Елиф Елмас, и неговата Аталанта ремизираа во Фиренца против Фиорентина играјќи 2:2.
Елмас се најде во првиот тим на Аталанта, и на „Артемио Франки“ одигра 58 минута, притоа заработи жолт картон.
По девет кола, Аталанта е на делба на 11-та позиција на табелата со 11 освоени бодови, додека Фиорентина има пет бода и се наоѓа во зоната на испаѓање.
Аталанта поведе со голот на Де Кетеларе во 41-та минута, но домаќинот во вториот дел, за осум минути направија пресврт. Нџие во 53-та минута го израмни резултатот, а Жоао Марио и донесе предност за Фиорентина.
Бод за Аталанта обезбеди Залевски со голот во 74-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
