Големото ракометно дерби помеѓу Вардар и Е. Пелистер ќе се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“, а „црвено-црните“ најавија заедничка кореографија со верните навивачи Комити.
Во соопштението кое го објави Вардар, ги повикува навивачите во салата да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на натпреварот и да не ги креваат поставените работи на столчињата предвреме.
„Заедно со нашата верна н.г. „Комити Запад” одлучивме македонското ракометно дерби во недела да го збогатиме со кореографија низ целата сала, која во знак на поддршка на тимот на терен, заеднички ќе ја создадат сите навивачи на Вардар во салата!
За таа цел ги замолуваме сите илјадници наши навивачи кои во недела ќе го бодрат Вардар од трибините, да бидат на своите места најдоцна 15 минути пред почеток на натпреварот. Покрај тоа, најљубезно ве замолуваме поставените работи на вашите столчиња, кои се дел од кореографијата да не ги преместувате или кревате предвреме, без да добиете знак од лицата задолжени за координација.
Да уживаме во ракометната игра во недела и во пеколниот амбиент кој заеднички ќе го создадеме, за нова важна победа на Вардар“, стои во соопштението на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
