Крај за Ѓоковиќ во Базел

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во осминафиналето на турнирот во Базел.

Подобар од Ѓоковиќ беше Германецот Јан-Ленард Штруф кој победи со 6:7,7:5,7:6 во меч кој траеше два часа и 35 минути.

Во првиот триумф над Ѓоковиќ во меѓусебните дуели, Штруф дојде благодарение на одличниот сервис, тој имаше дури 27 ас сервиси.

Во првиот сет, Штруф ги освојуваше гемовите со одличен сервис, додека Ѓоковиќ со добра игра од основната линија. Во тај-брејкот, подобар беше српскиот тенисер, го доби со 7:4 и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Новак имаше три брејк топки, но не успеа да ги реализира, по што во 12-тиот гем, направи три сервис грешки и му го подари гемот на Штрумф, што воедно значеше и израмнување на 1:1 во сетови.

Во одлучувачкиот сет, Ѓоковиќ имаше две брејк топки кои повторно не ги искористи и победникот мораше да биде одлучен во тај-брејкот каде Штруф со одличниот сервис дојде до триумф.

Германецот мечот го заврши со 27-от ас сервис и обезбеди пласман во четвртфиналето каде ќе игра против Португалецот Боргес кој пак беше подобар од Каспер Руд со 2:1 во сетови.

Се вчитува...