Барселона перфектна, Динамо Букурешт оди во следната фаза

Во последното коло од првата фаза во ракометната Лига на шампионите, актуелниот шампион Барселона ја оствари шестата победа и го „поттурна“ Динамо Букурешт во следната фаза.

Барселона со 27:30 славеше на гостувањето кај Скандеборг кој пред дуелот со каталонскиот тим беше втор на табелата во групата Е со пет бода, два повеќе од Динамо Букурешт.

Романскиот тим со убедливата победа од 36:26 на гостувањето кај Монпелје се израмни со Скандеборг на табелата, но поради подобриот меѓусебен скор, романскиот тим го освои второто место и обезбеди пласман во следната рунда.

Најзаслужни за победата на Динамо беа Бранко Вујовиќ со осум гола и Андреи Бузле кој даде шест гола.

Се вчитува...