Фенербахче на колена пред „Кралевите“

Кошаркарите на Реал Мадрид по слабиот старт и трите порази, влезе во победнички ритам и вечерва дојде до шестата победа во низа во Евролигата.

Последна жртва на „кралевите“ е Фенербахче кој е декласиран со 95:76.

Гостите ја добија првата четвртина со два поени (22:24), но Реал на пауза замина со пет поени предност (47:42) и во третата четвртина ги разреши сите дилеми околу победникот.

Благодарение на одличната игра во одбраната, „кралевите“ третиот период го добија со 23:13 и во последниот период влегоа со недостижни за турскиот тим, 15 поени предност (70:55).

На крајот, Реал Мадрид славеше убедливи со 95:76. Тео Маледон со 23 поени беше прво име кај Реал, Валтер Таварес даде 14 поени, а Факундо Кампацо имаше дабл-дабл од 10 поени и 10 асистенции. На спротивната страна, Вил Клајбурн даде 21 поен.

Во следното, десетто коло, Реал Мадрид го очекува пресметка со лидерот на табелата, Панатинаикос.

Макаби Тел Авив го доживеа третиот пораз во низа откако во салата „Александар Николиќ“ во Белград загуби со 94:99 од Париз.

Се вчитува...