Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Џејлен Браун, ги демантираше шпекулациите дека изминатото лето побарал од Бостон да го размени поради нетрпеливоста со другата голема ѕвезда на селтикс, Џејсон Тејтум.
„Не сакам да дозволам било какви обвинувања да ме следат во новото поглавје во мојата кариера во Филадефија. Никогаш не сум побарал трампа и никогаш не сум поставувал никакви ултиматуми“, изјави Браун.
Овие зборови на Браун се одговор на поранешниот играч на Бостон, а сега ТВ коментатор, Брајан Скалабрини, кој изјави дека сегашниот кошаркар изминатото лето побарал од челниците на селтикс да го трампаат.
Подоцна, Скалабрини ја повлече оваа изјава, но Браун, сепак се огласи во јавноста.
„Моментно сум фокусиран само на тоа што ме очекува во Филаделфија“, вели Браун.
Џејлен Браун изминатото лето беше разменет во Филаделдија во замена за Пол Џорџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
