Фросиноне по девет кола во Серија А е пред гиганти како Јувентус и Наполи

Фудбалерите на Фросиноне продолжуваат со одличните игри во Серија А и вечерва дојдоа до петтата победа во деветтиот меч.
Последна жртва на Фросиноне е Лече кој е совладан со 5:1.

По девет кола, Фросиноне се наоѓа на шестото место на табелата со 17 освоени бодови, три повеќе од гиганти како Наполи и Јувентус. Интересно е што Фросиноне има постигнато двојно повеќе голови од Јувентус, 22 гола даде најпријатното изненадување во Серија А, додека „старата дама“ само 11 пати ја тресеше мрежата на противниците во деветте кола.

Чичела во 25-та минута го отвори резултатот, а во последните моменти од првиот дел, по голот на Кало од пенал, Фросиноне поведе со 2:0.

Во вториот дел, во листата на стрелци се запишаа и Раимондо и Бирлигеа кој даде два гола, додека почесниот гол за гостите го постигна Монтеиро.

Се вчитува...