Карлос Алкарас стигна до четвртфиналето на турнирот во Виена, откако го победи Николос Басилашвили со 6-1, 7-6.
Шпанецот го доби првиот сет за 28 минути, но Грузиецот подоцна пружи многу посилен отпор. Одлуката се сведе на тај-брејк, во кој Алкараз беше посигурен и ја заврши работата без трет сет.
Откако го победи Карен Качанов на стартот, вториот носител на тој начин прескокна уште една пречка на турнирот од серијата АТП 500.
Во битката за полуфиналето го чека Томи Пол, кој убедливо го победи Лусијан Дардери во осминафиналето со 6-1, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
