Пјер Гасли, возачот на Ф1 тимот Алпин, добил дури 13.000 закани со смрт, откри претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем во интервју за подкастот „Драјв“.
„Пјер Гасли добил 13.000 закани со смрт, 13.000“, рече шокираниот Бен Сулајем, додавајќи дека целите на дивјачките напади не биле само возачите, туку и членовите на нивните семејства и партнери, како и судиите.
Гасли беше жртва на онлајн злоупотреба по Големата награда на Мадрид во средината на септември. Бранот закани следеше по инцидентот на патеката кога Гасли наводно го блокирал својот аргентински колега Франко Колапинто. Некои од фановите на аргентинскиот возач го сфатија неговиот потег премногу сериозно и почнаа да ги напаѓаат на социјалните мрежи.
ФИА се бори против тоа
„Имавме судијка на која и се закануваа со убиство и силување, по што таа едноставно рече дека тоа не ѝ вреди. Ризикуваме да го изгубиме спортот поради онлајн злоупотреба“, додаде тој, истакнувајќи дека ова ниво на онлајн злоупотреба не е ограничено само на една земја, една база на фанови или една демографија. Тоа е глобална епидемија.
За да се стави крај на ова однесување, ФИА е принудена да користи напредни алатки како што е вештачката интелигенција за да идентификува профили што шират закани. Од ФИА најавуваат строги санкции, вклучувајќи трајни забрани на патеките и блокади на официјалните платформи.
„Ја започнавме кампањата „Обединети против онлајн злоупотреба“, нашата мисија е да ја подигнеме свеста и да едуцираме“, рече претседателот на ФИА.
Колапинто, исто така, се огласи, снимајќи видео во кое ги замоли своите фанови да разберат дека поддршката кон него не значи напаѓање на другите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
