Хорхе Мартин доби зелено светло за настап на трката во Малезија, но…

Помалку од една недела откако се здоби со скршеница на десниот зглоб, на Хорхе Мартин му е дозволено да учествува на Големата награда на Малезија.

Фабричкиот возач на Априлија се повреди при пад со брзина од нешто над 200 км/ч за време на спринт-трката во Австралија, минатата сабота. Потоа, од медицински причини му беше забрането да настапи на главната трка во неделата која, за негова среќа, и онака не се одржа поради лошите временски услови.

„Мартинатор“ изминативе денови беше подложен на интензивна терапија, со надеж дека ќе може да се натпреварува на Големата награда на Малезија. Доби дозвола да учествува на првиот слободен тренинг во Сепанг, по што ќе мора да помине низ уште еден преглед. Дури по новиот лекарски преглед ќе биде јасно дали Шпанецот ќе продолжи да вози во Малезија.

Се вчитува...