Венус Вилијамс го забележа својот 16-ти последователен пораз во Гуангжу. Таа нема остварено победа уште од јули минатата година, кога ја совлада Пејтон Стернс во Вашингтон.
Иако има 46 години, иако нејзините славни денови се одамна зад неа, иако нема никаква смисла во постојаните порази легендарната Американка се уште не размислува за пензионирање.
„Нема да се пензионирам само затоа што некој смета дека треба, или затоа што бројките покрај моето име не изгледаат баш најдобро. Јасно е дека билансот 0-16 не е идеален, но јас сум натпреварувач. Се натпреварувам цел живот и никој не ги мрази поразите повеќе од мене. Но, луѓето понекогаш забораваат дека зад резултатите стои една многу поширока слика. Со гдини имав проблеми со болести и повреди. Сега, конечно, ги немам. По толку долго време, можам да играм здрава, да тренирам нормално, да патувам, да се натпреварувам… Долго време не можев да го правам тоа, па затоа сега уживам. Со години, повредите и болестите го ограничуваа она што можев да го правам. Веќе не е така. Многу луѓе не го разбираат тоа, но јас разбирам“, изјави Венус Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
