Ѓорческа тргна фуриозно, но загуби на ИТФ турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Истанбул со пораз во второто коло од Ралука Шербан од Кипар со 2-1 во сетови за два часа игра. Ова беше осми меѓусебен дуел на двете тенисерки и сега резултатот е 4:4 во победи.

Македонската тенисерка го доби првиот сет без загубен гем 6-0. Но, во вториот сет спротивна слика и ривалката го освои сетот со 6-1 и се избори за решавачки сет.

Во третиот сет Шербан поведе со 5-2 во гемови, Ѓорческа намали на 5-4, но не успеа да се избори за продолжение на мечот откако противничката го доби следниот гем.

Македонската тенисерка следниот настап треба да го има на ИТФ турнирот во Ираклион.

Се вчитува...