Елена Рибакина го обезбеди првото место на ВТА-листата на крајот од сезоната, откако во второто коло на турнирот во Токио ја совлада својата сонародничка Јулија Путинцева со 2-0 по сетови 6-2 и 6-3.
Со тоа, казахстанската тенисерка оствари значајна цел повеќе од една недела пред почетокот на завршниот турнир во сезоната. Рибакина се пласираше во осминафиналето на ВТА 500 турнирот во Токио без борба во првото коло, а потоа одигра сигурен натпревар против Путинцева и го потврди својот статус на најдобра тенисерка во светот за 2026 година.
За 27-годишната тенисерка, ова е првпат во кариерата сезоната да ја заврши на врвот на светската ранг-листа. На второто место се наоѓа Арина Сабаленка, која веќе нема можност да ја престигне во преостанатиот дел од сезоната.
Зад Рибакина е исклучително успешна сезона, одбележана со титули на Австралија Опен и Ју-Ес Опен. На тој начин, таа стигна до вкупно три гренд-слем трофеи во својата кариера, откако претходно, во 2022 година, победи на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
