Интер не игра брилијантно, но најважно од се е што победува, а тренерот Кристијан Киву ќе остане запишан со најдобар старт во историјата на една калчолигашка сезона на „нероаѕурите“.
Имено, по првите девет рунди Интер има скор од осум победи и едно реми, нешто што досега им има успеано само на две тренерски легенди, и тоа на Херера во 1966 година и на Џовани Трапатони во 1988 година. Овие двајца го водеа Интер во периодот кога победа носеше два бода, па така овие 25 бода што „нероаѕурите“ моментно ги имаат под водство на Киву се апсолутен рекорд.
Ниту Херера ниту Трапатони не успеале да победат во десетта рунда од своите рекордни сезони, па романскиот стратег ќе има можност да биди и осамен на оваа листа ако успее да слави викендов, и тоа на големото градско дерби со Милан што е на програмата в сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
