Новак Ѓоковиќ по повеќе од една деценија се врати назад во Швајцарија настапувајќи на турнирот во Базел што своевремено важеше за „домашен турнир“ на легендарниот Роџер Федерер.
„Прекрасно е чувствооо да се вратите назад во земјата на ФЕдерер и на Вавринка. Тоа е држава прекрасна за тенис, за промоција на нашиот спорт“, истакна Ѓоковиќ.
Тој по голема борба се врати од негатива против Французинот Умбер, на крајот успевајќи да стигне до победа од 2-1 во сетови.
„Победив бидејќи се борев. Губев за брејк, тешко е да се вратите од такво нешто на вакви турнири. Не почнав најдобро, противникот играше добро, променив одредени работи и на крајот заслужено се радував“, прокоментира Новак.
Следен предизвик за српскиот тенисер е дуелот со Германецот Штруф што е на програмата денеска по 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
