Со одигрувањето на последните рунди во дел од шесте групи во Лигата на Шампионите веќе е познат и целосниот изглед на групата 1 од главната фаза од елитното европско ракометно натпреварување.
Во неа ќе се најдат ривалите на Вардар, Мелсунген и Висла Плоцк, како и екипите на Веспрем, ПСЖ, Алборг и на Фухсе Берлин. Согласно пропозициите на ЕХФ, се пренесуваат бодовите од двете пресметки на ривалите од претходната фаза, а од целата ситуација најмногу профитира Веспрем, кој забележа две победи против Берлин.
Ова значи дека Гидсел и соиграчите влегуваат во главната фаза без ниту еден освоен бод, што ќе значи дека и немаат право на грешка ако сакаат да се вмешаат во борбата за највисок пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
