Видео: Стеф Кари како во старите добри времиња – 44 поени против Минесота

Стеф Кари потсети на најдобрите моменти од од кариерата откако извонредниот поентер реализираше дури 44 поени во победата на Голден Стејт против Минесота.

Кари беше незапирлив за противниците, погоди шеест тројки, имаше и шест скокови и исто толку асистенции, а ги реализираше сите 16 слободни фрлања што ги изведе.

Со ова беспрекорно издание тој се израмни со Леброн Џејмс како играч со најмногу мечеви со над 40 постигнати поени по 35-годишна возрат. Леброн и Стеф имаат по 15 вакви мечеви, а зад нив следат Мајкл Џордан со 12, Кевин Дурент со 9…

Погледнете како изгледаше шоуто на Стеф Кари против Минесота…

 

Се вчитува...