Јокиќ стигна до јубилејот – 200 трипл-дабл мечеви во НБА

Никола Јокиќ стигна до јубилејниот 200. трипл дабл натпревар откако српскиот центар го предводеше Денвер до триумф на гостувањето против Њу Орлеанс од 91-104. Добрата одбрана го реши овој меч во полза на Денвер, а Јокиќ за 31 минута игра реализираше 21 поен, 13 скокови и 10 асистенции. Ценарот се уште не е во посакуваната форма, за што сведочат и седумте загубени топки што за среќа не влијаеја врз конечниот осход на натпреварот.

ЛА Лејкерс славеше во градската пресметка со ЛА клиперс со резултат 87-103, триумф што „езерџиите“ го забележаа без помошта на Лука Дончиќ. Словенецот гледаше во „цивилка“ како неговите соиграчи доминираат во однос на противникот, а најефикасни во овој триумф беа Грајмс со 23 и Секстон со 21 постигнат поен.

Екс-шампионот Оклахома Сити настрада на гостувањето во Далас губејќи со 120-96. Мичел беше прв стрелец на Оклахома со 29 поени, 21 реализираше Гилџус Александер, додека предводник на Далас беше младиот суперталент Купер Флег со 26 поени и 8 асистенции.

Шампионот Њујорк по трите порази во низа на стартот сега врза две победи, триумфирајќи на гостувањето во Чикаго со 127-133.  Брансон беше човекот на одлука со 38 поени и 7 асистенции, додека Пауел со 30 поени ги предводеше стрелците кај Чикаго.

Резултати НБА: 

Атланта – Мајами 117-129, Кливленд – Вашингтон 121-111, Детроит – Шарлот 97-89, Индијана – Филаделфија 109-114, Торонто – Орландо 129-99, Чикаго – Њујорк 127-133, Милвоки – Хјустон 100-132, Минесота – Голден Стејт 114-119, Њу Орлеанс – Денвер 91-104, Јута – Сан Антонио 111-117 (по прод.), Далас – Оклахома Сити 120-96, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 87-103.

Се вчитува...