Партизан загуби добиен меч во Франција

Кошаркарите на Партизан имаат за што да жалат откако не успеаја да врзат две евролигашки победи, губејќи вечерва на гостувањето против Асвел со резулат 82-75. Катастрофалниот финиш беше причина за овој неуспех на српскиот состав, кој не погоди ниту еден шут од поле во последните четири минути.

„Црно-белите“ ја имаа сопствената судбина во свои раце, на 4:22 минути до крајот водеа со 65-73, но потоа речиси четири минути не постигнаа ниту еден единствен поен. Асвел во овој период направи серија од 15-0, го сврте резултатот во своја полза и стигна до својата трета евролигашка победа сезонава.

Краудер  постигна клучни пет поени кога се кршеше резултатот во последните 80 секунди, најефикасни кај Асвел беа Милс и Вотерс со по 14 поени, додека прв стрелец на Партизан беше Хејс со 15, пред Стивенс со 13 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...