Парондо: Ни недостигаа пет ракометари, но успеавме да се пласираме во следната фаза

Двократниот европски шампион Вардар со реми 26-26 против Мелсунген го заврши својот настап сезонава во Лигата на шампионите.

По мечот свое видување за случувањата во „Јане Сандански“ даде и тренерот на гостите, Роберто Гарсија Парондо…

„Знаевме дека атмосферата ќе биде неверојатна. Многу е важно за овој тим што е во Лига на шампиони. Беше тежок натпревар. Не бевме најдобри, но морам да им се заблагодарам на момците што се тука бидејќи ни недостигаа пет играчи, а успеавме да се пласираме понатаму. Многу е тешко да играш и во Бундеслига и во Лига на шампиони и затоа ова е голем успех за нас“, изјави Парандо. 

Се вчитува...