Милан нокаутиран за три минути, Интер со два автогола до победа

Интер ja продолжува трката со Лацио за првото место во Калчо-лигата откако актуелниот првак вечерва славеше со 0-2 на гостувањето против Венеција.

„Нероаѕурите“ до триумфот стигнаа многу потешко од очекувањата, откако Венеција имаше за милиметри поништен гол за офсајд, а потоа и два промашени зицери. Згора на тоа, двата погодоци на Интер всушност беа автоголови на домашните фудбалери, најпрвин сопствената мрежа во 80. минута ја затресе Морено, а две минути подоцна истото го стори и Адамс.

Милан ја прекина серијата добри резултати откако „росонерите“ вечерва загубија на домашен терен од Болоња со 2-4. Тие на одмор имаа 2-1 со головите на младиот Сисе, но падот на концентрацијата во вториот дел скапо го чинеше тимот на Аморим. „Болоњезите“ знаеја како да го искористат тоа и го свртеа резултатот во своја полза за само три минути, најпрвин Бартезаги си постигна автогол пред Мбангула да стрела прецизно за 2-3. Милан целосно се отвори, но наместо израмнување проследивме само нов гол на Мбангула, за конечните 2-4 на „Сан Сиро“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...