Чупиќ: За жал ни недостасуваше малку искуство и среќа за пласман понатаму

Двократниот европски шампион Вардар со реми 26-26 против Мелсунген го заврши својот настап сезонава во Лигата на шампионите.

По мечот свое видување за случувањата во „Јане Сандански“ даде Иван Чупиќ…

„Му честитам на Мелсунген што оди понатаму. Фер и квалитетен меч од нивна страна. Бевме блиску, но на крај повторно плативме скапа школа. И кога играме солидно и коректно, можам да кажам дека ни недостасуваше искуство и среќа да одиме во втората фаза. Тоа е реалноста и не може да бегаме од неа”, изјави Чупиќ.

Слично размислува и Урош Митровиќ…

„За жал заврши нерешено, со феноменална борба и публика. Иако правевме многу грешки стигнавме до реми. Се надевам дека ова ќе ни биде лекција и ќе напредуваме за следните мечеви“, вели Митровиќ. 

Се вчитува...