Штип одигра храбро, но минимално загуби за збогување од ЛШ

Македонскиот првак Штип е елиминиран во првата рунда од Лигата на Шампионите откако нашиот шампион загуби и на денешниот реванш против холандскиот Орион старс, овојпат со минимални 2-3.

Штипјани одиграа квалитетен дуел против ривалот што беше голем фаворит, покажувајќи карактер на првиот дуел во историјата од ЛШ одигран во овој македонски град. Видно мотивирани без оглед на максималниот пораз од 0-3 на првиот меч, одбојкарите на Штип извонредно му парираа на противникот, поведувајќи со 1-0 и со 2-1 во сетови.

Сепак, квалитетот на Холанѓаните се покажа пресуден во финишот, Орион старс најпрвин го доби четвртиот сет со 10-25, потоа и тајбрејкот со 10-15, за триумф на овој интересен дуел.

Се вчитува...