Португалскиот репрезентативец, Гонзало Рамос, изјави дека сите во националниот тим со раширени раце ќе го пречекаат Кристијано Роналдо.
Португалија следниот месец ќе ги одигра последните два меча од групната фаза во елитната дивизија во Лигата на нации, против Данска и Велс, а од Федерацијата најавија дека Роналдо ќе биде на поширокиот список.
“Ако на следниот собир се појави и Кристијано, ние ќе бидеме со него. Пред сè, поради се што остави зад севе, никој ништо нема да му замери“, изјави Рамос.
Кристијано Роналдо беше казнет од фудбалската федерација на Португалија со 30-дневна суспензија и 255 евра поради напуштање на репрезентацијата по несогласувањата кои ги имаше со селекторот Жорге Жесус.
Иако тогаш се шекулираше со негово можно пензионирање од репрезентацијата, во меѓувреме тензиите се намалија и Роналдо повторно би можел да го облече репрезентативниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
