Каде исчезна Гави?

Фудбалерот кој со репрезентацијата на Шпанија стана светски шампион, сега ја грее клупата на Барселона. Шпанскиот весник „Марка“ се прашува каде исчезна Гави, кој сезонава имаше само три настапи за Барселона, а поразот во Ел Класико го одгледа од клупата.

„Во фудбалот постојат работи кои е тешко да се разберат, и таква станува ситуацијата со Гави. Фудбалерот на Барселона од клучен играч дојде да седи на клупата. Повредите имаат удел во неговата актуелна ситуација, но тоа не доволно оправдување за неговото неиграње. Оваа сезона требаше да ја одбележи токму Гави откако минатата ја пропушти поради тешка повреда. Денеска, Гави е физички максимално подготвен, но неговата минутажа е далеку од таа која се очекува за играч од неговиот калибар. Досега, сезонава Гави одигра едвај 191 минута во сите натпреварувања“, пишува Марка.

Мадрискиот весник пишува дека Гави ќе добие споредна улога во каталонскиот тим. Конкуренцијата во средниот ред е пеколна, Педри и Родри го имаат главниот збор во средниот ред, а со враќањето на Френки де Јонг конкуренцијата на позицијата на Гави дополнително ќе се зголеми.

“Гави го знаеме како играч кој е агресивен во пресингот, кој се бори за секоја топка и беше повеќе од играч во ротацијата. Неговиот карактер го направи важен играч за Барселона и за шпанската репрезентација. Но, сега е епизодист и тешко дека ќе успее да се извлече од оваа улога. На „Ел Класико“, тој не одигра ниту една минута. Гави ќе мора да се бори за минутажа, но како што стојат работите, тешко дека ќе ја добие. Времето поминува, а тој не ги добива минутите за да ја врати самодовербата која некогаш ја имаше. Прашањето повеќе не е дали Гави ќе се врати во форма, туку дали воопшто ќе добие шанса“, пишува „Марка“.

Се вчитува...