Ливерпул е заинтересиран за играчот на Монако кој беше најголем губитник во летниот преоден рок

Англискиот премиерлигаш Ливерпул, го обнови интересот за младата ѕвезда на Монако, Ламин Камара и веќе оствари контакт со неговите претставници.

Според таблоидот „Сан“ управата на Ливерпул побарала од претставниците на Камара да ги известуваат за секоја понуда која ќе пристигне на нивна адреса или во клубот.

Наводно, преговорите веќе се започнати со агентите на сенегалскиот репрезентативец бидејќи Ливерпул е сериозен во намерата да го ангажира.

Не се исклучува ниту обид за трансфер во зимскиот преоден рок, но поверојатно е сценариото Ливерпул идното лето да тргне со сите сили по потписот со Камара.

Ламин Камара изминатото лето ги договори сите детали со Челси, но трансферот пропадна во последните минути од преодниот рок.

Тој сезонава започна 10 од 12-те натпревари на Монако во првиот тим и постигна два гола и има една асистенција.

Се вчитува...