Вардар со два гола позитива на полувреме против Мелсунген

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар имаат позитива од 14-12 на полувреме против Мелсунген во последниот натпревар сезонава за двократниот европски првак во Лигата на шампионите.

Натпреварот почна со промашувања на двете страни, па по три минути игра се уште стоеја почетните 0-0. Чупиќ почна во нападот со четири бека тактика која што се покажа како грешна бидејќи неговите избраници не успеаја да ги реализираат првите три напади, а Мелсунген со два гола во низа поведе со 0-2 во влезот на 5 минута.

Прв во листата на стрелци за домаќините се запиша пикерот Виктор Јанковски кој намали на 1-2 во шестата минута. Во следниот период се играше гол за гол, а по една третина од првиот дел резултатот на семафорот изнесуваше 5-6. Гостите врза два гола во низа, па во 12. минута за првпат стигнаа до плус три (5-8). Вардарци заиграа подобро, но и среќата не беше на нивна страна откако неколку пати ја погодуваа рамката од голот на Симиќ, но и покрај тоа во 21. минута дојдоа до егал 10-10.

Продолжи добрата игра на нашиот шампион кој во 25. минута со голот на Фадуил за првпат стигна и до водство 12-11. До крајот „црвено-црните“ ја задржаа предноста и на пауза заминаа со позитива од 14-12.

Матео Фадуил со четири гола е прво име во нашиот табор, додека кај гостите Стефансон и Менсинг имаат по три.

Се вчитува...