Новак Ѓоковиќ победнички стартуваше на турнирот во Базел, Швајцарија, родниот град на Рожер Федерер.
Ѓоковиќ во три сета и тоа со пресврт го совлада Уго Умбер и тоа со 4:6,6:3,6:4.
Првиот сет беше одлучен со еден брејк кој го направи францускиот тенисер во петтиот гем, по што со сигурен сервис успеа да ја задржи предноста до крајот за 4:6.
Во вториот сет, Новак тргна фуриозно и во вториот гем направи брејк за 2:0, а потоа не му дозволи на противникот ниту една брејк топка и дојде до израмнување на 1:1 во сетови.
Во одлучувачкиот трет сет, Новак ја покажа својата класа, еднаш го одзеде сервисот на Умбер, што му беше доволно за триумф од 6:4 и пласман во следната рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
