Вардар со реми против Мелсунген ја заврши авантурата сезонава во ЛШ

Двократниот европски шампион Вардар со реми 26-26 против Мелсунген го заврши својот настап сезонава во Лигата на шампионите.

Натпреварот почна со промашувања на двете страни, па по три минути игра се уште стоеја почетните 0-0. Чупиќ почна во нападот со четири бека тактика која што се покажа како грешна бидејќи неговите избраници не успеаја да ги реализираат првите три напади, а Мелсунген со два гола во низа поведе со 0-2 во влезот на 5 минута.

Прв во листата на стрелци за домаќините се запиша пикерот Виктор Јанковски кој намали на 1-2 во шестата минута. Во следниот период се играше гол за гол, а по една третина од првиот дел резултатот на семафорот изнесуваше 5-6. Гостите врза два гола во низа, па во 12. минута за првпат стигнаа до плус три (5-8). Вардарци заиграа подобро, но и среќата не беше на нивна страна откако неколку пати ја погодуваа рамката од голот на Симиќ, но и покрај тоа во 21. минута дојдоа до егал 10-10. Продолжи добрата игра на нашиот шампион кој во 25. минута со голот на Фадуил за првпат стигна и до водство 12-11. До крајот „црвено-црните“ ја задржаа предноста и на пауза заминаа со позитива од 14-12.

Гостите подобро го отворија вториот дел. Со серија од 4-1, направија целосен пресврт во 38. минута (15-16), по кој Иван Чупиќ мораше да интервенира со тајм-аут. Ниту еден тим не успеа да се одвои, а во последните 10 минути се влезе со егал 22-22. 26-26 беше во 56. минута, со што мечот влезе во неизвесна завршница. Во следните две минути не погоди никој, па со истиот резултат се влезе во последната минута и пол.

Да Силва погоди за Вардар 25-24, но гсотите веднаш возвратија (25-25), а проблем за нашиот шампион беше и исклучувањето на Марио Стојановски на 58 секунди до крајот. Јака Малус во следниот напад изнуди пенал, кој успешно го реализираше Фадуил за 26-25. Мелсунген имаше 18 секунди за реми и пласман во следната фаза.

Матео Фадуил со седум гола беше прво име во нашиот табор, додека кај гостите Леон Штел постигна осум гола.

Се вчитува...