Олимпијакос посилен од проблемите, Хапоел го растури Ефес

Олимпијакос без оглед на бројните проблеми со повредите успеа да најде начин да стигне до победата на денешното гостување во Истанбул против Бешикташ. „Црвено-белите“ беа без помошта на Милутинов, Монтеро и Фурние, но сепак покажаа зошто се актуелни европски прваци, одговорија на предизвикот и стигнаа до триумф со кој останаа во чекор со водечките на евролигашката табела.

Бешикташ отвори со 6-0, по што следеа 15 поени во низа на грчкиот гигант. Олимпијакос имаше контрола над резултатот во огромен дел од мечот, а најзаслужни за победата од конечните 73-81 беа Везенков со 16, Тајрик Џонс со 15 и Хол со 14 поени.

Хапоел Тел Авив многу полесно од очекувањата го совлада Ефес, декласирајќи го поранешниот европски шампион со убедливи 118–88. Блејкни беше незапирлив постигнувајќи 35 поени за Хапоел, центарот Отуру реализираше 20, а одличен беше и Илајџа Брајант со 16 поени, 12 асистенции и 4 украдени топки.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...