Димитријевиќ и Арис остануваат перфектни во Еврокупот

Ненад Димитријевиќ и Арис го продолжија победничкиот поход во групата А од Еврокупот откако вечерва го забележаа и четвртиот триумф во низа, на домашен терен во Солун над Цедевита Олимпија со резултат 78-73.

Можеби се очекуваше полесен и поубедлив триумф, но гостите од Словенија се покажаа како незгоден ривал, до самиот финиш борејќи се за изненадување. Сепак, квалитетот беше на страната на тимот предводен од Василис Спaнулис на крајот стигна до заслужена победа.

Димитријевиќ повторно беше меѓу најдобрите поединци кај Арис, македонскиот плејмејкер реализираше 12 поени надополнети со шест скока и четири асистенции, па со 18 индексни поени беше втор најефективен играч во грчкиот состав (зад Робинсон – Ерл со 21 индексен поен).

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...