Празните столчиња го расипаа впечатокот – достојно вардарово збогум од елитата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Двократниот европски шампион Вардар со реми 26-26 против Мелсунген го заврши својот настап сезонава во Лигата на шампионите.

Една победа, едно реми и четири порази е учинокот на вардарци во сезоната во која по пет години се вратија во елитното натпреварување.

За жал токму поради фактот дека нашиот тим веќе ги загуби шансите за пласман понатаму, салата беше полуполна, нешто што не смее да биде навика во главниот град на Македонија.

 

 

Се вчитува...